Барем некој Никола од Србија профитираше од МВП наградата на Гилџес Александер (ВИДЕО)

Шеј Гилџес Александер официјално е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата, со убедлива предност во гласањето, пред Никола Јокиќ.

Канаѓанецот беше најзаслужен што Оклахома Сити Тандер го заврши основниот дел од сезоната како најдобар во лигата и првпат во својата кариера се закити со најголемото индивидуално признание. Веднаш откако ова беше официјално прогласено, Гилџес Александер им се заблагодари на своите соиграчи, им порача дека без нив ова немаше да биде остварливо, а потоа им подари по еден Ролекс.

Меѓу добитниците беше и младиот српски репрезентативец Никола Топиќ, па барем некој Никола од Србија профитираше од успехот на Гилџес Александер.