
Ѓорческа по голема борба елиминирана на турнирот во Куршумлијска Бања!
Противничката на Македонката го диктираше темпото уште од самиот почеток и со два брејка во првиот сет брзо стигна до водство од 5-1. Ѓорческа успеа да врати еден брејк, но ќешката тенисерка не дозволи изненадување и го затвори сетот со нов брејк во осмиот гем.
Нашата тенисерка во вториот сет делуваше порешително и поведе со 4-1 со брејк на стартот, но Сискова се врати во игра со два брејка израмнувајќи на 5-5. Сетот се решаваше во тај-брејк, во кој чешката тенисерка доминираше со три мини-брејка и резултат 7-2.
Ѓорческа и покрај поразот ќе има нова шанса за подобар резултат веќе следната недела, кога повторно ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.