
Ван Нистелрој нема да го води Лестер во Чемпионшип
Тоа значи дека холандскиот стручњак има уште еден натпревар на клупата на „лисиците“ и тоа против Борнмут на гостински терен, на 25 мај. Лестер се уште не одлучил кој ќе го замени, но има двајца кандидати во моментов.
„Расел Мартин и Дени Рол се први фаворити за менаџерската позиција, но од Лестер не сакаат да почнат преговори од респект кон Ван Нистелрој, додека не се постигне договор за прекин на соработката со него“, пишуваат англиските медиуми.
Ван Нистелрој го презеде Лестер на 1 декември 2024 година и потпиша договор до 30 јуни 2027.