
Модриќ пред голема дилема - да игра со Роналдо или против него!
Модриќ не планира да замине во пензија, а шпанските медиуми пишуваат дека Ал Хилал и Ал Наср се најсериозни во намерата да го ангажираат Хрватот.
Ал Хилал и Ал Наср му подготвиле богати понуди, но последниот збор го има Модриќ, кој ќе може да бира дали сака да игра во тим со Кристијано Роналдо или против него.
Искусниот хрватски фудбалерво кариерата играше за Реал Мадрид, Тотнем, Интер Запрешиќ, Зрињски и Динамо Загреб.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.