
Аморим: Ако бордот и навивачите сакаат да си одам - ќе си одам!
Манчестер Јунајтед не успеа да си ја спаси сезоната преку Лига Европа, тие не освоија ништо, а во Премиер лигата се веднаш по екипите кои испаѓаат.
Тоа значи дека нема да играат во ниту едно натпреварување во Европа идната сезона.
Нејасна е каква ќе биде одлуката на раководството на Јунајтед за Аморим, но тој сам нема намера да си замине.
„Ако бордот и фановите чувствуваат дека не сум вистинскиот, ќе си заминам следниот ден без никаков муабет за некаква отштета“, вели Аморим.
„Но, сам нема да поднесам оставка. Верувам во себе и сметам дека можам да го водам тимот“.