Кратко траеше радоста кај навивачите: Клоп демантира дека се договорил со Рома!

Јирген Клоп на крајот на минатата сезона најави дека се повлекува од тренерската работа, но утрово се појавија шокантни наслови во италијанските медиуми дека тој повторно се враќа во акција и ќе ја тренира Рома, меѓутоа Германецот ги демантираше шпекулациите.

Медиумите ја објавија приказната дека Клоп ќе ја преземе Рома, а веднаш почнаа и со шпекулациите за неговите потенцијални засилувања за следната сезона, меѓутоа радоста кај навивачите на калчолигашот траеше кратко.

„Преговори со Рома не постојат, тоа е лажна приказна“, објави агентот на Клоп.

Клоп во кариерата работеше како тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, при што успеа да освои голем број пехари меѓу кои се титулата во Премиер лигата и Лигата на шампиони.