
Барселона има: Шестмина треба да ја наполнат касата за нови засилувања
Главната цел на раководството е да се намали притисокот врз платниот список и да се создаде простор за нови засилувања, без финансиски ограничувања кои би ја попречиле работата во летниот преоден рок.
Иако сите овие имиња се разгледуваат како потенцијални трансфери, ситуацијата со Араухо и Гарсија е нешто поинаква. Уругвајскиот дефанзивец Араухо се смета за фудбалер од кој клубот може да инкасира значителна сума, но ќе замине само доколку пристигне сериозна понуда од врвен европски клуб. Слично важи и за Ерик Гарсија, кој одигра одлична завршница на сезоната и неговото заминување би се случило само во случај на финансиски атрактивна понуда.
Кристенсен би можел да го напушти „Камп Ноу“ само доколку Барселона успее да го ангажира искусниот Џонатан Тах од Баер Леверкузен, кој е високо на листата на желби на спортскиот директор Деко или пак друг дефанзивец од сличен калибар.
Младиот Пабло Торe, пак, е на чекор до излез, со оглед дека клубот преферира трајни трансфери со можност за откуп наз, наместо класични позајмици. За неговите услуги веќе интерес покажа Виљареал како потенцијална замена за Алекс Баена и Реал Сосиедад, кој би можел да остане без Браис Мендез.
Кога во прашање е Ансу Фати тука нема никакви дилеми, Барселона ќе направи се за да се ослободи од него.
Фото: FC Barcelona/X