
Артета: Бевме подобри од ПСЖ на двата натпревара
Откако во четвртфиналето го елиминира Реал, Арсенал синоќа го заврши својот пат во Лигата на шампионите во претпоследната фаза. Вкупниот резултат од двомечот е 1-3, но менаџерот на лондонскиот тим Микел Артета тврди дека Арсенал бил подобриот во овој дуел.
„Му честитам на ПСЖ за пласманот во финалето, но мислам дека ние бевме подобри и многу поблиску до финалето, отколку што тоа го покажува резултатот. Ако погледнете кој беше нивен најдобар играч на двата натпревара, тоа е голманот. Требаше да биде 3-0 за нас по 20 минути игра, но не беше. Во ова натпреварување е потребно нешто екстра, ние тоа го немавме. Ова натпреварување се сведува на среќа и на голмани“, изјави Артета.
Неговиот пријател и тренер на ПСЖ, Луис Енрике не се согласи со оваа констатација, но тоа и не е важно бидејќи „светците“ на 31 мај ќе се борат за својот прв трофеј во Лигата на шампионите.