Ѓоковиќ не планира да се пензионира пред ОИ во Лос Анџелес!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема најдобри резултати оваа сезона, иако имаше светли моменти на Австралијан опен и мастерсот во Мајами, па поради тоа често се шпекулира за неговата иднина.

Извршниот директор на брендот „Лакост“, Тјери Гиберт верува дека Ѓоковиќ ќе ја продолжи соработката со компанијата и смета дека Србинот е далеку од пензија.

„Ѓоковиќ сака да игра најмалку до ОИ во Лос Анџелес во 2028 година. Не се сомневам дека во следните недели ќе потпишеме нов договор“, кажа директорот.