
Арсенал ќе плати 35 милиони евра за синот на англискиот ветеран?
Ипсвич, кој оваа сезона испадна во англиската Чемпионшип лига, е принуден да го продаде својот најдобар фудбалер, иако Делап има важечки договор до јуни 2029 година. Откупната клаузула за англискиот младински репрезентативец изнесува 35 милиони евра.
Арсенал веќе стапил во контакт со агентот на Делап и, според информациите, постигнале договор околу личните услови. Сепак, на напаѓачот му било соопштено дека ќе мора да се избори за минути на теренот, бидејќи прва желба на тренерот Артета за засилување во нападот е Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон. кој оваа сезона постигна 52 голови во сите натпреварувања.
Претходно Арсенал се поврзуваше и со Бенџамин Шешко, но во овој момент тој е прескап за лондонскиот клуб. Инатаку Лиам Дела е син на поранешниот премиерлигашки фудбалер Рори Делап.