Навивач сакал да влезе на теренот на мечот меѓу Работнички и Пелистер

Работнички во драматичен меч славеше против Пелистер со 82-79, а полицијата за време на натпреварот привела 39-годишен скопјанец.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицето било приведено за време на одигрувањето на кошаркарскиот меч, откако се обидело да влезе на теренот.

„Вчера во 20.50 часот во спортска сала на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.С.(39) од Скопје затоа што за време на одигрување на кошаркарски натпревар се обидел да влезе на теренот“, соопшти МВР.