Меси в недела ќе го израмни рекордот на Кафу
Играчот на Интер Мајами ќе стане само втор во историјата што ќе настапи во трето финале на мундијалите и ќе му се придружи на Кафу кој досега беше единствен со ваков подвиг. Бразилецот играше во натпреварите за титула во 1994, 1998 и 2002 година, Меси не настапи трипати по ред, но сепак учествуваше во 2014, 2022 и сега, во 2026 година. Кафу имаше само 32 години кога го играше третото финале, додека Меси ќе го направи тоа на 39 години.
Аргентинскиот ас ќе се обиде да се израмни со Кафу со две титули на мундијалите бидејќи Кафу загуби во 1998 година од Франција, а триумфираше во 1994 и 2002 година.
Најдобриот бразилски фудбалер на сите времиња Пеле е единствен со три титули на мундијалите, но тој не играл во финалето во 1962 година поради повреда, доживеана во второто коло против Чехословачка, истата селекција со која „кариоките“ подоцна се сретнале и во мечот за трофејот. Пеле има само два настапа во финалните дуели, во 1958 и 1970 година.