Кејн разочаран по елиминацијата од СП: Уништен сум, ова е болен пораз!

Фудбалерите на Англија на неверојатен начин останаа без финале на Светското првенство (СП), откако до 85. минута имаа предност од 1-0, а потоа Аргентина направи неверојатен пресврт (2-1).

Капитенот на Англија, Хари Кејн по поразот од Аргентина не го криеше разочарувањето поради елиминацијата од СП.

„Уништен сум поради соиграчите, стручниот штаб и навивачите. Одигравме добар натпревар. Кога поведовме со 1-0, изгледаше дека се обидуваме да го чуваме водството, а тоа на ова ниво не е доволно. Дадовме сè од себе. По нашиот гол, сакавме да постигнеме уште еден, тоа беше пораката од тренерот, но тие нè напаѓаа. Момците блокираа сè што можат, но не беше доволно на крајот“, кажа Кејн.

Фото: England football team