Спектакуларен пресврт на Аргентина: Лаутаро и Енцо ја потопија Англија (ВИДЕО)

Аргентина успеа да слави со 2-1 против Англија во полуфиналето на Светското првенство (СП) и ќе го брани пехарот против Шпанија.

Првото полувреме меѓу двете репрезентации заврши со дури 19 прекршоци и ниту еден удар во рамки на противнички гол, но затоа работите драстично се променија во вториот дел.

Ентони Гордон успешно му избега на својот чувар во 55. минута и го искористи центар-шутот на Морган Роџерс за да погоди за водство на Англија од 1-0.

Англија по постигнатиот гол целосно се затвори и го чуваше водството, додека Аргентина се обидуваше да ја пробие одбраната на „Гордиот Албион“ и конечно успеа во тоа во 85. минута кога Енцо Фернандез постигна прекрасен гол.

Избраниците на Томас Тухел беа во шок по голот на Аргентина, која продолжи со нападите, а набрзо постигна и втор погодок, и тоа во 92. минута кога Лаутаро Мартинез со глава ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд.

Аргентина и Шпанија ќе се соочат во финалето на Мундијалот в недела од 21 часот.

Фото: Selección Argentina in English