Аргентина и Англија водат војна - 19 прекршоци, ниту еден удар кон гол!

Првото полувреме меѓу Англија и Аргентина заврши нерешено (0-0), а екипите не понудија квалитетен фудбал, туку груба игра која резултира со 19 прекршоци.

Двете екипи водат вистинска војна на теренот, а тоа го покажува и статистиката. Ниту еден од тимовите не шутнал во рамки на голот на ривалот, а речиси и да немаше шанси на натпреварот, туку почесто имаше прекини поради прекршоци на двете страни.

Фото: England football team