Срамен потег: Белингам удри фудбалер на Аргентина по мечот (ВИДЕО)

По последниот судиски свиреж и драматичната завршница, Џуд Белингам стана главна тема на социјалните мрежи откако удри фудбалер на Аргентина.

На снимките на социјалните мрежи може да се забележи како Белингам во еден момент го удира Валентин Барко по глава.

Натпреварот во Атланта го одбележаа тензии и груба игра од самиот почеток, а тоа го потврдува и податокот дека беа досудени 19 прекршоци во првото полувреме.