„Бомба“ во регионот: Мамиќ се враќа во фудбалот - купува нов клуб?

Здравко Мамиќ, човекот кој изгради моќен Динамо Загреб и се истакна со бројни големи трансфер зделки би можел да го преземе, босанскиот ФК Сараево, тврди порталот од оваа земја „СОП“.

Во текстот се наведува дека Мамиќ веќе ги започнал преговорите со актуелниот сопственик на клубот Исмир Мирвиќ.

Наводно преговорите оделе во добра насока и наскоро би можело да се очекува и официјална потврда. Се наведува дека планот на Мамиќ е да го преземе раководењето на Сараево пред почетокот на летните припреми.

За време на неговиот период во Загреб, Динамо оствари бројни успеси и продаде големи таленти од кои клубот оствари милионска заработка која му помогна да прерасне во гигант во регионот.

Неофицијално се дознава дека дека Мамиќ има за план уште веднаш да започне со реконструкција на младинската школа.

Фото: GNK Dinamo/X