
Ернандез Ернандез судел четири Ел Класика, во Реал сега им текна дека навива за Барселона
Притоа, „кралевите“ се повикуваат на едно негово интервју, дадено пред околу три децении, кога имал 13 години, а во кое зборувал дека омилени му се некои фудбалери на каталонскиот клуб. Ернандез Ернандез е судија со знакот на ФИФА и исклучително ценет во фудбалскиот свет, но очигледно тоа не е доволно за Реал.
Почнувајќи од 2012 година, тој му судел на Реал на 35 натпревари во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп на нив мадридскиот тим доживеал девет порази, шест нерешени резултати и 20 победи. Најинтересно од се е тоа што судел четири Ел Класика од кои две завршиле нерешено, едно со победа на Барселона и едно на Реал. Последното е од декември 2019 година кога мечот на Камп Ноу заврши без голови, но никогаш, до денеска, никој од Реал не го обвинил дека е навивач на Барселона и дека може да суди против нив.
Но, Реал оваа сезона е далеку од своето реноме и ова не е првпат да води кампања против судиите. Слично беше пред финалето од Копа дел Реј кога дури и се закани дека нема да игра ако не биде сменета судиската постава за на крајот да загуби со 2-3 од Барселона.