Челси и Бетис ќе се борат за трофејот во Конференциската лига (ВИДЕО)

Последното по квалитет натпреварување на УЕФА, вечерва ги доби финалистите за оваа сезона.

За трофејот во Конференциската лига ќе се борат екипите на Челси и Бетис кои излегоа како победници во пресметките со своите ривали. Челси и во реваншот го совлада Дјургарден, сега со 1-0 и со вкупни 5-1 оди во мечот за титулата, додека на Бетис му требаа продолженија против Фиорентина затоа што по 120 минути игра, резултатот беше ист како на првиот меч (2-1).

Дјусбери-Хол беше стрелец на единствениот гол за Челси кој ќе има можност во својата колекција европски трофеи да го додаде и овој од Конференциската лига. Во трите досегашни изданија од ова натпреварување, триумфираше и еден англиски тим и тоа Вест Хем во 2023 година.

Од друга страна, Бетис ќе има можност да стане прв шпански тим со пехарот од Конференциската лига, а во исто време да го освои својот прв европски трофеј во својата историја. Клубот од Севиља успеа да се спаси во Фиренца и да одигра 2-2, резултат кој му одговараше во овој случај.

Повторно херој на Бетис беше бразилскиот репрезентативец Антони кој го постигна првиот гол, во 30. минута и му асистираше на Езаизули во 97. Во меѓувреме Фиорентина направи пресврт преку Госенс, но не успеа да стигне до конечна победа и денеска го завршува својот пат на меѓународен план. Со тоа, тимот од Фиренца не успеа да го повтори успехот од претходните две сезони кога стигнуваше до финалето.

Мечот за титулата во Конференциската лига е закажано за 28 април во Вроцлав, а победниот ќе им се придружи на Рома, Вест Хем и Олимпијакос кои досега го освојуваа ова натпреварување.