Алкараз е пресреќен - новиот Папа е негов голем фан

Ватикан денеска го избра новиот Папа, Леон 14 кој доаѓа на местото на неодамна починатиот Франциск.

Тој ќе биде првиот Папа кој е Американец по раѓање, а интересно е тоа што е голем љубител на спортот. Пред се на тенисот каде, според неговото признание од 2023 година, навива за шпанскиот натпреварувач Карлос Алкараз.

„Се сметам за голем љубител на тенисот и ми се допаѓа играта на Карлос Алкараз. Кога беше во Перу, имав можност да го гледам на неколку тренинзи“, зборуваше тогашниот кардинал Роберт Преворс, сега Папа Леон 14.

Алкараз утре го почнува својот настап на Мастерсот во Рим, неколку километри оддалечен од новиот Папа.