Родри за пресудата против Сити: Исто беше и во 2020 година
Родри на прес-конференцијата најмногу зборуваше за оваа тема и очекувано застана во одбрана на својот поранешен клуб, за кој настапуваше седум години.
„Се соочивме со нешто слично во 2020 година, ако добро се сеќавам, слична постапка, поинакво обвинение, но сличен процес. Во првата инстанца бевме прогласени за виновни, но верувавме во клубот и во невиноста која клубот ја застапуваше, а на крајот бевме ослободени од обвиненијата. Верувам во правосудниот систем и верувам во невиноста на клубот“, изјави Родри.
На прашањето дали од клубот добил уверување дека не направиле ништо погрешно, Родри одговори потврдно.
„Секогаш нè уверуваа во својата невиност. Кога ќе погледнете некого во очи додека така зборува, а имаме и пример од 2020 година, кога процесот беше ист, а на крајот ништо не се случи остануваме целосно мирни во врска со тоа. Никогаш не сме биле тим кој се нервира поради такви работи. Нема да кажам дека тоа е нормално, но некои тимови минуваат низ такви ситуации и тоа денес е составен дел од фудбалот. Сите мора да ги почитуваат правилата, а според мене тоа е одлично. Секогаш истакнуваа дека не направиле ништо погрешно, ние веруваме во тоа и тоа е суштината. Ќе му веруваме на клубот. Тука сум веќе некое време и знам како работат и како соработуваат“, истакна Шпанецот.
Вечерва Родри со шпанската репрезентација во терминот од 20:45 часот го очекува натпревар против Англија.