Лудило во Турција: Погоди тројка преку цел терен со звукот на сирената (ВИДЕО)

Кошаркарите на Тофаш славеа над Бордо Бандирма со 90-:89 во првото коло од турското првенство и тоа со неверојатен кош во последната секунда.

Овој натпревар сигурно немаше да привлече многу внимание доколку на крајот не се случеше нешто што навистина ретко се гледа во кошарката.

Гостите имаа победа „во џеб“, а Квентин Питерсон на секунда и пол до крајот намерно промаши слободно фрлање, мислејќи дека на противникот ќе му истече времето пред да успее да упати шут за победа.

Сепак, топката стигна до Јигитџан Сајбир, капитенот на Тофаш, кој направи еден дриблинг, а потоа шутираше речиси од целиот терен и успеа да погоди за огромна радост на својот тим.