Гвардиола гледаше драма во Евролигата, цела сала го поздрави со овации (ВИДЕО)
Вистинска драма во следеше и Пеп Гвардиола кој само два дена претходно беше присутен и на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и ПСЖ.Шпанскиот стратег имаше и што да види, Барселона успеа да избори продолжение со спектакуларна тројка на Џастин Робинсон.
Сепак, црвено-белите од Пиреја на крајот стигнаа до петтата победа сезонава, додека Барселона по шест одиграни кола има половичен учинок од три победи и три порази.
Тајрис Мартин и Робинсон беа најефикасни во редовите на Барселона со по 17 поени. Кај Олимпијакос блескаше Саша Везенков со 25 поени, додека Ндијае и Милер-Мекинтајер додадоа по 17. Никола Милутинов не настапи на овој натпревар.