Фросиноне и Сасуоло приредија голеада, Раимондо блесна со хет-трик (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен по само девет минути игра кога Гало се запиша во листата на стрелци, но Сасуоло брзо се врати преку искусниот Доменико Берарди кој стрелаше во 15-тата. Само две минути подоцна по вторпат се тресеше мрежата на Сасуоло, меѓутоа голот на Кверандѕе беше поништен поради недозволена позиција.
Но, набрзо следуваше блесок на Раимондо кој во четири минути во 26-тата и 30-тата постигна два гола за 3-1. Пред крајот на првиот дел Сасуоло одново се врати на гол негатива со погодокот на Товерд.
Вториот дел донесе многу помалку возбудувања и видовме само еден погодок кој го постигна Раимондо во 57-та минута од средбата.
Фросиноне така продолжи со добрите резултати од стартот на сезоната и скокна до петотто место со 13 бода, Сасуоло е 11-ти со пет помалку.