Хаос во Будимпешта: Тандемот од Ливерпул се степа со Украинците (ВИДЕО)

На крајот од натпреварот од Лигата на нации во Будимпешта меѓу Унгарија и Украина дојде масовна тепачка во која учествуваа фудбалерите на двете репрезентации. 

Во судиското продолжение, украинскиот играч за врска Александар Назаренко направи сериозен прекршок над противнички играч и доби втор жолт, односно црвен картон, што предизвика тепачка на теренот.

Откако ситуацијата се смири австралискиот судија Џаред Џилет поради неспортско однесување им покажа жолти картони на по двајца играчи од двете селекции, унгарските репрезентативци и соиграчи од Ливерпул, капитенот Доминик Собослаи и Милош Керкез, како и на украинските фудбалери Микола Матвиенко и Виктор Циганков.

Кога е резултатот во прашање Украина славеше победа од 1-0, а единствениот гол на средбата го постигна Даниел Сикан пред крајот на првото полувреме.

Во второто коло од Лигата на нации, Украина ќе игра против Грузија во Тбилиси на 28 септември, додека Унгарија истиот ден ќе гостува кај Северна Ирска во Белфаст.