Jaмал ќе почека: Имаме нов фаворит за „Златната топка“

Пари Сен Жермен вчера го елиминираше Арсенал и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите, а со пласманот во битката за трофејот се зголемија и шансите Осман Дембеле да биде награден со „Златната топка“.

Пред полуфиналните средби во јавноста некако најмногу се истакнуваше името на Ламин Јамал, меѓутоа сега откако Барселона настапот го заврши во полуфиналето Франзузинот скокна во прв план.

На Дембеле најголемите медиуми му даваат шанса од 33% да стигне до најпосакуваното индивидуално признание, а зад него следи Јамал со 22%. Интересно е што трет на листата е голманот на ПСЖ, Џанлуџи Донарума со 16.67%.

Подолу следат Рафиња (12.5%), Латуаро (12.5%), Кварацхелија (11.11%), Салах (11.11%), Педри (4.76), Мбапе (1.49%) и Даклан Рајс (1.49).

Дембеле сезонава освен што има успех на клупск план бележи и одлични инвидуални бројки и на 45 натпревари постигна 34 гола и подели десет асистенции.

Фото: PSG/FB