Македонија постави нов рекорд и се загреа за „финалето“ во Скопје!

Македонската ракометна репрезентација одигра одличен натпревар во Талин во кој постави и рекорд славејќи со 17-36. што е наша најголема гостинска победа во историјата, по онаа против Кипар во квалификациите за СП 2007 година, кога славевме со 33-20. 

Против Естонија денеска избраниците на Лазаров од самиот старт беа мотивирани и одлучни да покажат дека се поквалитетен противник. Првата посериозна прилика ја направивме кога по голот за 2-3, Естонија нешто повеќе од осум минути остана без гол, па поведовме 2-8.

Продолживме да бидеме подобрата репрезентација на теренот, па така во 23 минута за првпат стигнавме до двоцифрена предност од 15-5.

Високата предност ја одржувавме и до крајот на полувремето кога на семафорот стоеше 19-10.

Ништо не се промени ниту во вториот дел, Естонија ниту еднаш сериозно не се закани, место тоа нашата предност и се зголеми.

Набрзо беше и само прашање со колкава разлика ќе славиме, за на крајот тоа да биде 19 голови разлика, победа каква што досега на гостински терен сме немале.

Кузмановски беше најефикасен со шест, пет постигна Серафимов, а четири Лазаревски. Одлични беа и голманите, Митревски кој бранеше во првиот дел собра седум одбрани, додека Томовски во вториот дел одбрани 13 удари.

Сега Македонија ја очекува натпреварот против Литванија на домашен терен в недела од 18:00 часот во кој ќе играме за пласман на уште едно големо натпреварување во низа.

Фото: EHF