Бекам и Невил ќе раководат со четвртолигаш во Англија - првата цел е Чемпионшип!

Поранешните соиграчи од Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Дејвид Бекам и Гери Невил, го финализираа преземањето на англискиот четвртолигаш Салфорд сити, клуб во кој сега стануваат главни сопственици.

Како нивна главна цел ја истакнуваат промоцијата на Салфорд во Чемпионшип, второто по ранг натпреварување во англискиот фудбал, и тоа во рок од пет години.

Салфорд ја заврши актуелната сезона на осмото место во Лига 2, со само еден бод помалку од Честерфилд, кој како седмопласиран избори пласман во плејофот за влез во Лига 1.

Бекам и Невил мораа да најдат финансиска поддршка за овој амбициозен проект, и ја обезбедија преку бизнисмените Деклан Кели, основач на консултантската фирма „Консело“, и Мервин Дејвис, прв човек на Тениската федерација на Англија.

Инвестицијата изнесува 11 милиони фунти, а дополнителни 15 милиони ќе бидат вложени во подобрување на инфраструктурата на клубот и засилувања на играчкиот кадар.

Кели и лорд Дејвис немаат намера да имаат каква било активна улога во управувањето со клубот и тоа ќе биде оставено на Бекам и Невил.

Фото: Salford City FC/X