
Везенков МВП во плеј-офот од Евролигата
Олимпијакос обезбеди пласман на фајнал-форот што ќе се одржи во Абу Даби, откако во четвртфиналната серија го елиминираше Реал Мадрид со 3-1 во победи. Везенков блескаше во серијата против „кралскиот клуб“, со просек од 19 поени, 6,5 скока, 3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар. Имаше и импресивна прецизност од 60,6% при шутевите за два поени.
Особено впечатлив е неговиот индекс на корисност кој изнесувАШЕ 22,8, највисок меѓу сите кошаркари во плејофот. Вредно е да се истакне и дека Везенков лично постигна 23,8% од сите поени на Олимпијакос во четирите натпревари против Реал.
Бугарскиот репрезентативец беше блиску и до наградата за МВП на регуларниот дел од сезоната, но таа титула му припадна на Кендрик Нан од Панатинаикос, кој заврши пред него за нијанса. Везенков, инаку, ова признание го има освоено пред две години.
Фото: Olympiacos B.C/X