Рашфорд ѝ се понудил на Барселона - ќе се откаже и од дел од платата!

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд повторно ѝ се понудил на Барселона, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Рашфорд оваа сезона го носи дресот на Астон вила, а притоа настапи на 41 меч и постигна 11 голови и девет асистенции, па негова желба е следното лето да се пресели во Каталонија.

Талентираниот англиски репрезентативец смета дека има доволно квалитет да го носи дресот на каталонскиот гигант, па очекува наскоро да седне на преговарачка маса со Барселона.

Англичанецот наводно бил подготвен да се откаже и од дел од платата која ја заработува во Астон вила само за да игра за Барселона, а такво сценарио се најавуваше и во јануари, но тогаш не се исполни.

Фото: Facebook/Aston Villa FC