
Чави сака да биде тренер во Премиер лигата
Чави во изминатиот период се поврзуваше со Саудиска Арабија, но и со Баер Леверкузен, меѓутоа тој сака да работи во Премиер лигата.
„Сакам да се вратам на теренот и да работам како тренер во Премиер лигата. Сакам добар проект, некој да ми понуди опција на четири години да изградам нешто вистинско“, кажа Чави.
Чави претходно работеше како тренер и во Ал Сад, освен во Барселона.