„Бомба“ во најава: Адетокумпо се сели кај Дончиќ во Лејкерс!?

Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, Јанис Адетокумпо се очекува да го напушти Милвоки бакс, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс.

Според повеќе извори блиски до клубот, Гркот Јанис веќе постигнал договор со Лејкерс, иако засега нема официјална потврда за такво нешто од тимот од „Градот на ангелите“.

Лејкерс има амбиција да го врати шампионскиот прстен, а очигледно за такво нешто им треба звучно засилување, откако претходно во Лос Анџелес пристигна и Лука Дончиќ од Далас маверикс.

ФОТО: EPA PHOTOS