
Вирц најави трансфер: Сакам да излезам од комфорната зона!
Договорот на Вирц со екипата од Леверкузен трае до 2027 година, но веќе се шпекулира дека Германецот ќе си замине во текот на летниот преоден рок.
„Дефинитивно сакам да излезам од комфорната зона и да пробам нешто ново. Убеден сум дека би се вклопил и на друго место“, кажа Вирц.
За услугите на германскиот репрезентативец се заинтересирани неколку тимови, меѓу кои се Баерн Минхен, Манчестер сити и Реал Мадрид.