Полските хулигани направиле хаос во Белград, има и уапсени (ВИДЕО)

Црвена Звезда вечерва игра против Лех Познањ во реванш натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, а пред овој натпревар полни раце работа има српската полиција.

Гостинските навивачи направиле вистински хаос во центарот на Белград каде што искршиле неколку излози на Кнез Мхајлова, наводно има уапсени.

Според дел од медиумите помеѓу ултрасите на полскиот тим има и ММА борци, но и борци од други вештини.

Инаку, Звезда во првиот натпревар на гостински терен славеше победа од 3-1, па вечерва не би требало да има проблеми со пласманот во плеј-офот за Лигата на шампионите.