
Ужасно: Израелски атлетичар со знак за „колење“ пред камера го згрози светот (ВИДЕО)
Снимката за кратко време стана вирална и предизвика бран реакции меѓу фановите и спортските коментатори. Многумина го осудија ваквото однесување, сметајќи дека вакви ужасни пораки немаат место на големи спортски сцени. Израелците на патеката беа мизерни и завршија последни, што на социјалните мрежи поттикна иронични коментари. Од Европската атлетска федерација сè уште нема официјална реакција, но се очекува Перец за овој гест да добие жестока казна.
Ваквото однесување на изралските спортисти само го зголеми гневот во целиот свет на нивниот однос кон жителите на Појасот Газа, каде што секојдневно умираат луѓе поради нехуманиот однос на државата Израел.