Ништо од битка за титулата во последното коло: Шкендија е нов шампион!

Фудбалерите на Шкендија по два нерешени натпревари во низа им се вратија на победите и со денешниот триумф против Работнички од 2-1 ја обезбеди титулата во ПМФЛ.

Победата во денешниот натпревар Шкендија ја најави уште во петтата минута кога Латифи ја погоди мрежата на гостинската екипа која во денешниот натпревар и немаше посебни мотиви.

Продолжи Шкендија да биде подобар противик на теренот и во наредните минути, па така по нешто повеќе од половина час игра Тамба искористи една долга топка и стрелаше за 2-0.

Со предноста од два гола домашниот состав замина на паузата. Второто полувреме донесе помирна игра со малку прилики за гол, а Работнички успеа да внесе мала неизвесност до крајот со голот од пенал на Дејли во 62. минута.

До крајот тетовскиот клуб сепак не си дозволи да ја испушти предноста и славеше победа која значеше и математички обезбедување на титулата.

За Шкендија ова е петта шампионска титула во клупката историја. До крајот на првенството преостануваат уште две кола, но во едно од тие две Шкендија треба да игра со Гостивар кој веќе се повлече, па така Силекс нема да има шанси да ја надмине и со победа во директниот дуел во последното коло.

На останатите две средби Брера со пресврт во последните моменти го совлада Шкупи 4-3, а Тиквеш освои важни бодови против Беса (1-0) во битката за опстанок.

ТАБЕЛА: Шкендија 67, Силекс 63, Работнички 56, Струга 49, Гостивар 39, Вардар 39, Пелистер 38, Шкупи 34, Тиквеш 32, Брера 30, Беса 27, Воска Спорт.