Ѓорческа со својата партнерка во двојки ги минаа првите носителки во Грузија!

Најдобрата македонска тенисерка денеска испадна во сингл конкуренција, но продолжува да се натпреварува во двојки откако заедно со Екатерине Горгодзе направија голем успех.

Во конкуренција на двојки Лина настапува заедно со домашната тенисерка Екатерине Горгодзе. Тие денеска со 2-1 во сетови беа подобри од првите носителки Мартина Кубка (Полска) и Лиса Заар (Шведска).

Ѓорческа и Горгодзе го загубија првиот сет со 6-4, а во вториот триумфираа во тајбрејк со 7-5. Во третиот решавачки кој се игра на поени, победија со 10-5 и се пласираа во четвртфиналето.

Утре Ѓорческа и Горгодзе ќе играат против Зозија Кардава (Грузија) и Уладизислава Зверава (Русија).