Мајсторија од слободен удар - Митровски стрела и втор натпревар во низа! (ВИДЕО)

Maкедонскиот напаѓач Димитар Митровски и втор натпревар во низа се запишува во листата на стрелци за својот Вараждин.

Митровски во 60. минута од натпреварот донесе израмнување за својот тим и тоа со мајсторски гол од слободен удар. За македонскиот напаѓач ова беше шести гол од почетокот на сезоната во првенството на Хрватска, а има и една асистенција.