Тензично било во соблекувалната на Реал: Модриќ имал расправија со Дијаз

По драматичниот пораз на Реал Мадрид од Барселона во финалето (3:2), атмосферата во соблекувалната на „кралскиот клуб“ била далеку од мирна, а рапсравија имале Лука Модриќ и Брахим Дијаз.

Според шпанските медиуми, Модриќ му забележал на Брахим дека не реагирал доволно брзо на неговото додавање, кое Кунде го пресече и го совлада Куртоа во продолженијата за победа на каталонскиот гигант. 

„Мораш да бидеш побрз и да одиш на таа топка“, му се обратил хрватскиот ас, на што Диаз возвратил: „Кога се обидов да реагирам, веќе тргнаа во контра.“

Расправијата меѓу двајцата фудбалери била само дел од тензиите во соблекувалната на Реал по тешкиот пораз во продолженијата. Тренерот Карло Анчелоти по натпреварот изјави дека станувало збор за недоразбирање во интерпретацијата на додавањето, нагласувајќи дека во вакви натпревари токму малите детали често решаваат победник.

За Барселона трофејот во Купот на Шпанија беше 32. во нејзината историја во ова натпреварување.