
Македонско - грчка војна во финалето, Алкалоид за титулата ќе се бори со АЕК
Алкалоид ќе има уште поголем предизвик во финалето и ги чека вистински „пекол“ против АЕК, кој во полуфиналето го елиминира Извиѓач.
Екипата од Автокоманда стана третата од машките тимови кои играле финале во ЕХФ, откако претходно тоа му успеа два пати на Вардар и еднаш на Пелистер.
Првиот финален меч е закажан за 17/18 мај, додека реваншот се игра една недела подоцна, односно на 24/25 мај.