Ракометарите на Алкалоид испишаа историја и ќе го играат своето прво финале во европските купови, односно ќе се соочат против грчки АЕК во битката за пехарот во Европскиот куп.

Првиот финален меч е закажан за 17/18 мај, додека реваншот се игра една недела подоцна, односно на 24/25 мај.