
Пауновиќ го објави поширокиот список - одбојкарките ги чекаат два важни предизвици!
На списокот се најдоа вкупно 24 одбојкарки, меѓу кои и шест интернационалки кои настапуваат во странски клубови, додека останатите доаѓаат од водечките домашни екипи – Работнички Скопје, Јанта волеј КВ и Наковски волеј.
Во текот на следната недела, селекторот Пауновиќ заедно со својот помошник, тренерот на Работнички Скопје, Душко Деспотовски, ќе го скрати списокот и ќе ги објави имињата на одбојкарките кои ќе го започнат подготвителниот циклус.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 15 мај, кога одбојкарките ќе се соберат во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица, каде ќе стартуваат подготовките за претстојните меѓународни предизвици.