Динамо конечно се разбуди - ја совлада Риека и се доближи на еден бод од врвот!

Фудбалерите на Динамо Загреб триумфираа во дербито против Риека со 1-0 во 32. коло од хрватската фудбалска лига и се вратија во трката за шампионската титула.

Хрватското дерби беше решено со само еден погодок, кој го постигна Марко Пјаца во 13. минута од натпреварот, по што Динамо го диктираше темпото и речиси и да не ѝ дозволи на Риека посериозно да се закани кон голот на Невистиќ.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски доби шанса во завршницата од натпреварот, односно влезе во игра во 84. минута.

Динамо Загреб се наоѓа на третата позиција во хрватскиот шампионат со 55 бодови, односно еден помалку од Хајдук Сплит и Риека по 32 одиграни кола.

Фото: Dinamo Zagreb