Тепачка на теренот: Харден и Гордон делеа боксови (ВИДЕО)

Мошне бурно беше синоќа на мечот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс, особено во првото полувреме.

Во неговиот финиш дојде до кошкање меѓу кошаркарите на двете екипи што многу лесно можеше да прерасне во општа тепачка. Се почна со нешто погрубиот фаул од Браун над Харден по што играчот на Клиперс му се внесе в лице на противникот.

Иако немаше ништо конкретно, се вмешаа другите играчи на Денвер, меѓу кои и Јокиќ, но најагресивен беше Ерон Гордон кој прво доби удар од Харден, па потоа врати и мораше да реагира Зубац за да го смири.