Aлкалоид денес во Норвешка игра за историско финале!

Алкалоид денеска го очекува реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп во кој екипата на Рунар ќе биде домаќин. 

Првата пресметка, одиграна пред една недела во Скопје, заврши со победа за Алкалоид од 42-37, па се избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да ја одбранат оваа предост и до дојдат до натпреварот за трофеј.  

„Победивме со пет гола, но треба многу добро да се подготвиме за реваншот. Сигурен сум дека таму ќе биде многу потежок дуел“, изјави Лазаров по победата на домашен терен.

Рунар ја има поддршката од домашната публика, но ракометарите на Алкалоид сигурно ќе биде максимално мотивирани да го донесат првото европско финале во историјата за клубот од Автокоманда. Ако се пласира во финалето Алкалоид ќе стане и само трет македонски клуб кој играл финале во Европско натпреварување по Вардар во Лигата на шампионите и Пелистер во ЕХФ Челинџ куп во 2002 година.

Противник на Алкалоид во финалето ако ја одбрани предноста од пет гола ќе биде грчки АЕК кој вчера загуби со еден разлика од Извиѓач, но благодарение на победата во првиот натпревар обезбеди место во финалето.

Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот.