
Лудница во Лос Анџелес: Денвер водеше 22 разлика, а победи со звукот на сирената (ВИДЕО)
На гостински терен триумфираше со 101-99, водеше со 22 разлика на стартот од последниот период (87-65), а сепак кошот за победа го постигна со звукот на сирената. Никола Јокиќ ја имаше топката, премногу ја заглави акцијата, па мораше да шутираше од свртување за тројка, беше апсолутно непрецизен, но тука се најде Ерон Гордон да забие и сето тоа наликуваше на воигран цепелин.
Судиите неколку минути ја прегледуваа снимката, заседаваа, се договараа за на крајот да пресудат во корист на Денвер кој повторно ја има предноста на домашен терен во серијата со Клиперс. Интересно е тоа што три од четирите натпревари на овие две екипи завршија со еден посед разлика.
Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 36 поени, 21 скок и 8 асистенции и тој беше единствена причина што Денвер дојде до голема победа. Кавај Ленард ги предводеше домаќините со 24 поени и 9 скока, Пауел додаде 22 поена, вклучувајќи неколку важни кошеви во финишот, а Зубац и Харден имаа дабл дабл. Серијата се враќа во Денвер каде Нагетс ќе се обидат да го искористат домашниот терен и повторно да поведат.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт - Хјустон 104-93 (2-1)
ЛА Клиперс - Денвер 99-101 (2-2)
Мемфис - Оклахома 115-117 (0-4)
Мајами - Кливленд 87-124 (0-3)