
Јунајтед во 96. минута се спаси од пораз, но врза пет меча без победа! (ВИДЕО)
Аморим рече дека до крајот на сезоната фокусот ќе биде ставен на Лига Европа, а тоа се одразува на резултатите во Англија кои се очајни.
Денеска Јунајтед одигра реми на гостувањето кај Борнмут. Семењо во 23. минута донесе водство за домаќините.
Во 68. минута Еванилсон заработи црвен картон, а Јунајтед успеа само да се спаси од пораз со гол на Хојлунд во 96. минута од мечот.