Пелистер и Охрид лесно до победи во првите натпревари од купот

Екипата на Пелистер без поголеми поблеми славеше победа над Куманово со 43-30 и така обезбеди место финалето на турнирот за пласман на фајнл-фор турнирот.

Битолскиот состав без поголеми проблеми со сигурна игра доминираше од почетокот до крајот и дојде до очекуваниот триумф.

Најдобар на теренот беше Дејан Манасков со осум гола, а го следеше Павле Петровиќ со седум. За Куманово Фернандс беше стрелец на седум гола.

Во финалето за пласман на Ф4 каде што вчера место обезбеди Вардар Пелистер ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Радовиш и Струга.

Немаше изненадување и во групата 4 каде што Охрид славеше над Прилеп со 27-32 и сега го чека победникот од средбата помеѓу Тиквеш и Аеродром.