Конечно влезе во форма и се повреди - Јовиќ нема среќа!

Српскиот напаѓач на Милан, Лука Јовиќ се повреди на загревањето од дуелот меѓу Венеција и Милан во рамките од 34. коло во Серија А.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јовиќ почувствувал болка за време на загревањето, по што Консеисао направил измена во стартниот состав.

Повредата се случува кога Јовиќ се наоѓа во најдобра форма откако е во Милан, на последните пет натпревари постигна четири голови и беше клучен за пласман во финалето од Купот на Италија кога на Интер му даде два погодоци.

Дополнително ќе се чека информацијата за тоа колку е сериозна повредата и колку и дали ќе отсутвува од теренот.