
Жестока тепачка помеѓу тренерите на Вардар и Шкупи! (ВИДЕО)
Поените за триумф ги постигна младиот Христијан Настовски со истекот на времето за големо славје на тимот кој идната сезона ќе игра во Втората лига. Сепак, сето она што се случуваше на теренот остана во длабока сенка на големиот инцидент по неговото завршување.
Од засега непознати причини, во физички дуел влегоа првиот тренер на Вардар, Александар Јованчев и асистентот на Шкупи, Фаик Мифтари кои почнаа да се удираат меѓу себе, па во тепачката влегоа и играчи на Вардар и Шкупи. Мораше да интервенира полицијата која во моментов ја има во голем број пред салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.
Хусеин Бајрам со 23 поени беше најефикасен, Наков додаде 21, а Младеновски 18. Мохамед го предводеше Шкупи со 31 поен.